За
  Спин

За
  Спин

„Спин“ се занимава со репарирање и реупотреба на стар мебел. Целта на Спин е да се задржи вредноста на старото парче мебел, а воедно со креативен пристап да  се даде еден нов, свеж и модерен изглед. Идејата на овој проект е будење на еко свесноста на лугето за пренамена, реупотреба и репарирање на стар мебел- односно "вракање во живот" на стари парчиња кои инаку би завршиле како дел од отпад. На овој начин доколку ви е тешко да се ослободите од некој елемент кон коj сте приврзани, би можеле да го задржите како едно ново уникатно дело.

Maрта Мојсова - раководител на брендот Спин

Со текот на времето научив да ја гледам убавината и во старите парчиња мебел, кои со некаква интервенција (помала или поголема) можат да станат совршена комбинација дури и во модерниот ентериер. Искуството, заедно со желбата за подигнување на еко свесноста на конзументот, беа совршена комбинација да се почне еден ваков проект.Репарирањето е макотрпен процес, кој бара многу прецизност, време и внимание. Тој е секогаш различен во зависност од тоа каква интервенција се работи. Инспирацијата доаѓа од самиот мебел, моменталната состојба или пак од некој посебен материјал или боја кој сакаме да ја аплицираме. Во создавањето на единствено, уникатно парче мебел се вклучуваат и уметници со апликација на ликовни решенија, како колажи, цртежи, графики кои се аплицираат како принт на мебел штоф. најголемиот поттик и придобивка е личната сатисфакција кога ке се види крајниот резлултат по макотрпниот процес на репарирањето.

Студии

- Шумарски Факултет – Проектирање и Технологија на Мебел и ентериер
- Мастер за дизајн на ентериери - Факултет за архитектура ”American College” – Скопје
- Професионален мастер – Внатрешно уредување на комерцијални простори- ИЕД, Барселона, Шпанија

Пракса и работа

- Пракса во Сергеј Никуљски студио – Виена
- Пракса во Stone Design студио – Скопје
- Пракса во Transfodesign - Барселона
- Генерален дизајнер за ентериери ГМС Проект – Скопје, 2008 - 2016 www.gms.com.mk

Работилници 'Reuse Design'

- Ментор на Работилница за реупотреба на стар отпад , во која учествуваа децата од Шутка ( членови на ЦСИ Надеж) со продажна изложба – 2013
- Ментор на Работилница за реупотреба на стар отпад , во која учествуваа децата од Шутка (членови на ЦСИ Надеж) со продажна изложба – 2014
- Ментор на Работилница за реупотреба на стари амбалажи од винарија Тиквеш, на Design Week- Skopje (во соработка со Јана Ацевска)- 2014
- Ментор на Работилница за Изградба на Сценографија од отпадни материјали, во која учествуваа студентите на архитектонски факултет, Skopje Creative Hub, 2015

Работилница за реупотреба на стари амбалажи од винарија Тиквеш, Design Week- Skopje

Ментор на Работилница за реупотреба на стар отпад , во која учествуваа децата од Шутка (членови на ЦСИ Надеж)